Северина и Карлеуша во идентични фустани (ФОТО)
На која подобро и' прилега?
Хрватската пејачка фустанот го носеше на Малдиви, а Јелена Карлеуша го облече пред три дена за време на излегувањето со пријателите.
Јелена Карлеуша е добро позната по својот истенчен моден вкус. Едни ја фалат, други можеби не, но сигурно е дека никој не останува рамнодушен на нејзините модни комбинации. Факт е дека пејачката настојува секогаш да биде иновативна и различна во модна смисла.
Поп-пејачката неколку пати досега истакна дека и светските ѕвезди,на пример, Ким Кардашијан, ја следат нејзината работа, но неодамна изненади појавувајќи се во идентичен фустан на оној што нејзината колешка од Хрватска, Северина Којиќ го носеше на пречекот на Новата година на Малдиви.
Значи, Карлеуша го облече фустанот со задоцнување од месец и пол, а ја носи на фотографиите настанати во саботата на прославата на роденденската забава на нејзината блиска пријателка.
Што мислите, на која подобро и’ прилега?