Зошто не смеете да ја игнорирате крвта во столицата: Симптом што укажува на сериозна болест

Штом ги забележите овие симптоми веднаш одете на лекар

206

Оваа болест може да предизвика опасни проблеми

Крвта во столицата може да укажува на бенигни заболувања или на потребата да го регулирате начинот на исхрана, но може да е знак и на опасни болести.

Генетиката, начинот на исхрана, состојбата на организмот и имунитетот влијаат на здравјето на органите за варење. Експертите апелираат дека доколку забележите крв во столицата или промена на бојата (премногу темна столица), веднаш треба да побарате лекарска помош и да ги направите потребните анализи.

Истражувањата покажуваат дека крвта во столицата може да укажува на Кронова болест (воспалително заболување на дигестивниот тракт), болни полипи на цревата, ангиодисплазија (проширување на крвните садови на слузокожата на дебелото црево) или анална фистула.

Исто така, овој симптом се појавува и кај заболувањата како што се хемороидите, гастроентеритис (воспаление на желудникот и тенкото црево), улцерозниот колитис (болест што ги зафаќа дебелото црево и ректумот), рак на цревата, анална фисура (чир или рана на аналниот канал) и чир на дванаесетопалачното црево.

Овие болести многу лесно можат да предизвикаат опасни компликации ако не реагирате на време, па затоа штом забележите крв во столицата, веднаш одете на лекар.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време