Кралица на лажната надеж: Дали постојано им „пуштате водичка“ на мажите?

Ова се јасни показатели дека заведувањето мажи е ваше хоби во кое уживате

156

Токму оваа лоша навика доведува до бројни недоразбирања, конфликти и скршени срца…

Доколку забележите дека некој постојано ви дава лажна надеж, дајте му до знаење дека сте свесни што прави и дека не сакате да играте игри. Обично ваквите луѓе дури и по отворениот разговор, повторно се обидуваат да ве завлечат. Во таква ситуација, најдобро е само да продолжите понатаму, бидејќи на овој свет ќе има многу луѓе кои веднаш ќе знаат што сакаат од вас и нема да им биде проблем отворено да ви го кажат тоа. Но дали вие сте можеби едни од тие што „пуштаат водички“ насекаде? Ова се знаците дека сте кралица на лажните надежи…

Секогаш давате телефонски број

Иако знаете дека не сакате некој да ви се јави, не сакате да испаднете арогантни, па веднаш ги диктирате бројките и не размислувате каква порака всушност праќате.

Ја одржувате комуникацијата

Понекогаш подобро е јасно да дадете до знаење дека не сте заинтересирани. Ако од пристојност одговарате на пораките и истовремено сте многу срдечни, повеќето мажи ќе помислат дека навистина сте заинтересирани.

Смислувате изговори

Наместо јасно да кажете дека не сакате да одите на кафе или вечера, секогаш смислувате изговори поради што постојано им давате лажна надеж на момците.

Љубоморни сте

Кога ќе видите дека дечкото кој не ви се допаѓа покажува интерес за некоја друга, станувате по малку љубоморни и го барате неговото внимание. Не затоа што одеднаш ви се допаднал, туку затоа што сакате да бидете во центарот на вниманието.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време