Гоца Тржан: „Пожртвувана и посветена сум му на мажот што го сакам додека се вљубам во друг“

1,481

Пејачката ни откри како ја избегнува монотонијата во бракот, но и дека се подготвува за преселба во нов животен простор бидејќи сака да го прочири семејството

Гоца Тржан и нејзиниот сопруг, музичарот Радомир Новаковиќ – Раша, не пропуштаат можност да ги искажат емоциите еден кон друг и да си приредат романтични изненадувања, бидејќи, како што истакнува популарната пејачка, токму во тоа лежи основата на нивниот брачен однос.

Мојот сопруг и јас сме големи емотивци и секој ден си покажуваме колку многу се сакаме. Тоа не го правиме купувајќи си скапи подароци или фотографирајќи се и споделувајќи ги фотографиите на Инстаграм, туку испраќајќи си емотивни пораки. Мене ми е неопходно големо внимание од страна на партнерот, важно ми е сопругот постојано да ме бакнува и да ме гушка, да ме гледа страсно кога сме заедно. Блискоста што ја имаме е основата на нашиот квалитетен брак. Сепак, не се осмелувам да кажам дека тоа е добар рецепт за долговечен машко-женски однос бидејќи луѓето се различни. Постојат жени на кои им е најважно мажот да им ја обезбеди потребната сигурност или да им ја даде својата банковна картичка, но сосема е легитимно секој да има свои потреби“, истакнува Гоца и додава дека и таа е мошне внимателна кон својот сопруг:

Исклучително сум пожртвувана и предадена на мажот што го сакам се’ додека се вљубам во друг“, тврди шармантната пејачка.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време