Барате љубов? Престанете да ги слушате овие совети!

Некои правила само одмагаат

203

Современите жени не мораат да глумат дека немаат време, бидејќи навистина немаат!

Кога се работи за љубовта, многу експерти поставуваат свои правила што само одмагаат. Доколку сакате да најдете љубов, време е да престанете да ги слушате следниве совети што е можно побрзо…

1. „Не бидете премногу достапни“

Со други зборови, преправајте се дека немате време за него. Модерните жени не мораат да глумат дека немаат време, бидејќи навистина немаат, па сосема нормално е да му кажете на дечкото кога сте слободни, а кога не сте. Бидете отворена книга!

2. „Лажете дека немате време кога тој ќе посака да се видите“

Мислите дека е паметно да започнете врска врз основа на лаги? Ние не се согласуваме.

3. „Чекајте да ви се јави, не се јавувајте први“

Уште едно застарено правило што треба да се заборави. Ако сакате да се чуете со него, јавете се први. Ако тој сака да ве слушне, ќе му биде драго што сте презеле иницијатива.

4. „Преправајте се дека не ви е гајле“

Ладното однесување можеби функционира во филмовите или кај незрелите мажи, но нормалните момци сакаат да знаат дали девојката што им се допаѓа е заинтересирана за нив.

5. „Бидете мистериозни“

Освен ако не сте тајни детективки, ова правило навистина нема многу смисла. Ако навистина му се допаѓате некому, тој ќе сака да знае што е можно повеќе работи за вас. Ако и тој вам ви се допаѓа, тогаш нема да има потреба да криете работи од него.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време