Рецепт на денот: Брускети со домати и фета

Крцкави лепчиња кои ќе ве однесат во Италија

58

Интересен рецепт за заеднички семеен појадок

Ова јадење е одлично за заеднички појадок или вечера со семејството. Ароматичните, крцкави лепчиња со домати и фета ќе го донесат вкусот на Италија во вашиот дом.

Потребни состојки:
  • 1 багет
  • 8 шери домати
  • 3 лажици изронето фета сирење
  • 1 децилитар маслиново масло
  • 5 чешниња лук
  • Шака свеж босилек
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Ситно исечкајте ги доматите, исечкајте го лукот и босилекот. Исечете го лебот на резанки и премачкајте ја секоја резанка со маслиново масло. Печете ги 10 минути во рерна. Измешајте ги доматите, фетата, лукот и маслиновото масло и нанесете ја смесата на секоја резанка. Наросете ги со свеж босилек и уживајте во вкусниот појадок.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време