„ЕУРОФАРМ“ ТРЕТПАТ ПО РЕД АПТЕКАРСКИ СУПЕРБРЕНД ВО МАКЕДОНИЈА

„ЕУРОФАРМ“ ТРЕТПАТ ПО РЕД АПТЕКАРСКИ СУПЕРБРЕНД ВО МАКЕДОНИЈА

SHARE

Третпат по ред ЕУРОФАРМ, лидерот во аптекарската дејност во Република Македонија, со гордост го носи признанието македонски аптекарски Superbrand.

dsc04684Знакот на Superbrand е потврда за високиот квалитет и реномето на 97 аптеки со потписот на овој модерен, препознатлив, посветен, лојален, иновативен, општествено-одговорен бренд од фармацевтската индустрија, којшто секојдневно посветено се грижи за потребите и барањата на своите постојани, но и идни пациенти.

Признанието доаѓа благодарение на континуираната доверба на многубројните задоволни пациенти кои ја препознаваат посветеноста, истрајноста, квалитетот и високите стандарди коишто ги нудат аптеките ЕУРОФАРМ.

dsc04685Успехот на ЕУРОФАРМ е плод на посветениот, едуциран и висококвалификуван кадар, кој ја нуди најдобрата фармацевтска услуга и грижа на пациентите во земјава.

16 години работејќи под мотото „Ние постоиме за да се грижиме за Вашето здравјеЕУРОФАРМ како проверен, одговорен и сигурен бренд е насочен кон грижата за целото семејство. Притоа создавајќи приказна за општествено-одговорна компанија, којашто преку постојано вложување, развој и квалитетни услуги, почитувајќи ја традицијата гради нови вредности како проверен и доверлив партнер на своите пациенти._dsc0560

Следете нè на Instagram

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор