Што е жубуркање со масло?

Што е жубуркање со масло?

SHARE

Методот на жубуркање со масло датира од Индија пред илјадници години, а прв пат во САД е презентирана во почетокот на 1990-тите од страна на д-р Ф. Karach, кој овој метод го смета за успех во својата медицинска пракса.

Станува збор за жубуркање на масло во усната празнина, кратко време од 10-тина минути секое утро, со што се елиминираат токсичните материи од телото, а жубуркањето доведува до зголемување на имунитетот, што значи дека телото добива способност самостојно да се справи со некое жариште, без да користи скапи и често неефикасни лекови.

Сепак, докторот предупредува дека секое масло не треба да се жубурка во устата. Најдобро е жубуркање со ладно цедено сончогледово масло.

Како да жубуркате?

  1. Ставете 1-2 супени лажичи ладно цедено сончогледово масло во устата.
  2. Жубуркајте 10 минути.
  3. Исфрлете го маслото во ВЦ-школка. Не ја голтајте смесата.
  4. Исплакнете ја убаво усната празнина со топла вода.
  5. Измијте ја усната празнина со паста и четка за заби.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор