Ви откриваме: Еве што јаде и како тренира Цеца Ражнатовиќ

Тајната на нејзината вита става

Ќе се согласите дека и покрај тоа што е баба и што длабоко ја „гази“ петата деценија од животот, Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од порано, благодарение на изменетиот режим на исхрана, кој го практикува последнава година, а кој се рефлектираше и на нејзиното тело и лице.

Како што самата откри, популарната пејачка се храни според програма изработена од страна на нутриционист.

Целосно го сменив начинот на размислување за исхраната. Не е поентата дали ќе ослабам, туку да јадам здрава храна“, истакнува Цеца во почеток на разговорот.

Таа вели дека пред неколку години се здебелила 5 килограми поради погрешна диета. А моментално е послаба отколку пред таложењето на тој вишок од 5 килограми.

Никогаш не сум имал проблем со телесната тежина, бидејќи мојата генетика е одлична. Сепак, пред извесно време почнав да добивам тежина. Се соочив сама со себе и си реков дека сакам, пред сè, да живеам поздраво! Посетив одличен нутриционистка, која ја познавам со години преку заеднички пријатели. Таа постојано ми велеше: ‘Ајде Цеки, дозволи ми само малку да ти ја коригирам исхраната’, но јас секогаш наоѓав изговори дека нема потреба од тоа. Бев убедена дека јадам здраво и плус тоа постев секој пост. На крајот сфатив дека сакам промена, јѝ се јавив на нутриционистката и заедно направивме план на исхрана. Бидејќи обожавам месо и салата, мојата исхрана се базира на тоа“, истакна пејачката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Првата недела ми беше најтешка затоа што е многу важно во кое време јадам. Не ми беше лесно да ги усогласам термините за оброците со моите деловни обврски. Имено, помеѓу оброците мора да поминат најмалку три или четири часа. Но сè помина во најдобар ред. Се навикнав на таа диета и сега не знам како поинаку би се хранела“, објаснува Цеца.

Кога ќе почувствува потреба за слатко, таа има решение.

Кога ми се јаде нешто слатко, јадам, но според рецептот на нутриционистката. Верувале или не, постои рецепт за здрав овошен пудинг. Исто така, важно е да бидете умерени во сè. И, ако јадете нешто што не треба, важно е утре да се вратите во вашиот режим, а не да си велите: ‘Ќе го сторам тоа во понеделник!“

Покрај тоа што ја сменила диетата, Цеца почнала и да тренира.

Бидејќи не сум љубител на вежби, го најдов најдобриот начин да останам во форма без да морам да ја оставам душата во теретана. Јас ги открив привлечностите на вежбата ЕМС – носиш костум низ кој тече струја. Овие тренинзи траат половина час, секој мускул работи за вас, а резултатите се одлични“, откри Цеца.

Инаку, менито на популарната пејачка се состои од:

1. Појадок: овесна каша со овошје и чиа семки.

2. Ручек: често јаде морска храна и зелена салата, или месо со салата.

3. Чорба од тиква.

Совет плус: ако почувствувате глад, напијте се чај од ѓумбир затоа што ви дава чувство на ситост.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.