Дани со порака до сите натпреварувачи во „Заблескај“: „Пејте домашна музика!“ (ВИДЕО)

Ве запознаваме со дел од кандидатите од првата емисија и аудиција

Како што веќе знаете, во понеделникот премиерно на Јутјуб каналот на „Убавина и здравје“ беше прикажана првата емисија од музичкото талент-шоу „Заблескај“.

Во првата емисија кандидатите ги оценуваа пејачката Дани Димитровска и Пере од составот „Нокаут“, кои ја избраа првата полуфиналистка на популарното музичко талент-шоу во регионот „Заблескај“.

На искусните музичари најголемо внимание им привлече 18-годишната Ангела Лавровска, но не беа имуни ни на преостанатите кандидати, чии видеонастапи имаа можност да ги погледнат и коментираат во рамките на првата емисија на талент-шоуто.

Инаку, од денес, па во наредните деновиве, ќе ве запознаваме посебно со кандидатите и ќе се потрудиме одблиску да ви претставиме секој од нив за да можете и вие да се вклучите во изборот на преостанатите шест полуфиналисти, а она што треба да го направите е во коментар под видеата објавени на инстаграм-страницата на „Убавина и здравје“ да напишете под кој реден број е вашиот фаворит, а ние гласовите ќе им ги дадеме на членовите на стручното жир, кое ќе ги земе предвид при својот избор.

Првата млада дама што ќе ви ја претставиме e Драгана Јовановска, која во рамки на „Заблескај“ ја испеа евровизиската Proud на Тамара Тодевска.

Драгана има 14 години, живее во Куманово. Оди во музичко училиште и има учествувано на повеќе детски меѓународни фестивали. Планира да го продолжи музичкото образование и да се занимава со музика. Нејзини идоли се Аријана Гранде и Џеси Џеј.

Нејзиниот настап Пере и Дани го оценија како многу храбар и ѝ предвидоа блескава музичка кариера.

Втор натпреварувач во првата емисија на „Заблескај“ беше Стефан Спироски.

Овој 25-годишен стружанец работи како готвач, а додека е во кујна сака да пее и, верувајте, тоа го прави многу добро!

Негов идол е Тоше Проески, а за „Заблескај“ откри дека неговите сништа полека се остваруваат.

Дани на Стефан му порача во иднина да пее повеќе песни од својот идол Тоше, а Пере прокоментира дека има одлична боја на гласот.

Убавата и талентирана Бони Китановска настапи како трета по ред. Бони има 24 години и живее во Скопје. Студира превод и толкување, но истовремено се занимава со музика, пее, пишува песни и создава мелодии. Исто така, има и авторска песна што го носи името „За крај“. Од домашната музичка сцена ги слуша Тоше, Елена Ристеска, Каролина Гочева…

Доколку ваши фаворити се Драгана, Стефан или, пак, Бони, пишете ни го тоа во коментар на нашиот инстаграм-профил @ubavinaizdravje.

Нивните настапи погледнете ги во видеото во продолжение:

И утре продолжуваме со претставување на кандидатите, а во понеделник ве очекува нова премиера на „Заблескај“ со 10 нови натпреварувачи.

Не заборавајте дека пријавувањето е се’ уште во тек!

Се’ што треба да направите за да учествувате е да снимите кратко видео во кое ќе отпеете стих и рефрен од вашата омилена песна. Испратете ни го видеото во ДМ на нашата официјална инстаграм-страница @ubavinaizdravje.mk или на нашата мејл-адреса: redakcija@ubavinaizdravje.mk

Истото видео, откако ќе го испратите во ДМ, објавете го и на вашите профили на Инстаграм, ТикТок или на Фејбук со следните хаштагови: #заблескај и #заблескајсоорбит.

Задолжително на видеото означете ги профилите на „Убавина и здравје“ на Инстаграм, Фејбук и ТикТок, во зависност од тоа на која социјална мрежа имате профил на кој ќе го објавите вашето видео.

Со среќа на сите и заблескајте!

Не заборавајте, најдобриот од Вас добива дует со единствената Елена Ристеска.

Проектот „Заблескај“ е поддржан од Орбит, а рефреш-партнер е Франк-кафе.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.