Се бориме со комарците: ИЗБРКАЈТЕ ЈА НАПАСТА!

Одбрана по природен пат

Сведоци сме на наезда од овие инсекти, кои буквално ги напаѓаат и децата и возрасните. Влажното време придонесе за нивно размножување, а еве како по природен пат да се одбраните од нив.

* За заштита од комарци можете да користите етерични масла: еукалиптус, цимет, рицинус, лаванда, рузмарин, лимонска трева… Помешајте некое од наведените масла со маслиново масло и редовно нанесувајте го на кожата. Комарците ќе ве заобиколуваат.

* Билките како рузмарин, босилек, кадифе, матичина, геранија, маче-трева… ќе ви послужат во борбата против комарците. На сите наброени билки е потребно најпрво да им се згмечи листот за да испушти арома, во спротивно комарците нема да ги регистрираат. Рузмаринот и маче-тревата можете да ги втриете и на кожата и на облеката за да го засилите дејството.

* Пред излегување надвор намачкајте ја кожата со јаболков оцет.

АКО ВЕ КАСНАЛ КОМАРЕЦ

При каснувањето комарецот вшприцува супстанции што ја намалуваат болката и спречуваат згрутчување на крвта. Ете зошто некое време не го забележувате инсектот, па може непречено да се засити. Но тоа не поминува без последици по организмот.

Како одговор на достигнувањето на туѓите супстанции – доаѓа до локална воспалителна реакција. Таа се манифестира со мал оток и јадеж. Колку и да сакате, не смеете да го чешате каснатото место.

Инаку ризикувате во раничката да внесете инфекција и да ја раширите областа на воспалението. За да го ублажите јадежот, можете да користите народни средства што ја смируваат кожата.

* Веднаш по каснувањето на раничката ставете парче мраз или изгмечен лист од тегавец (може и магдонос), кој испушта сок.

* На местото на јадежот исто така можете да ставите вата наквасена со раствор од сода (лажиче сода на третина чаша вода).

* Добро се покажаа и облоги од амонијак со вода во сооднос 1: 5, како и оцет, со кој би требало да се премачка каснатото место 10–15 пати. На кожата можете да ставите и тупфери наквасени во оцет и да ги држите десет минути.

МАГДОНОС – УНИВЕРЗАЛЕН ЛЕК

Најдобар лек против каснувања од мравки, комарци или каков било друг инсект е свежиот магдонос, а може да го користат дури и деца. Свеж лист од магдонос гмечете додека се појави сок од него, па тоа ставете го на местото на јадежот.

Во случај на алергиска реакција на каснувањето, пијте чај од магдонос: две лажици магдоносов корен ставете во термос и прелејте ги со половина литар зовриена вода. Оставете го да отстои два часа, па исцедете го.

Трипати дневно земајте од една до три лажици, а облогата ставајте ја на каснатото место – четири пати дневно. На овој начин последиците од каснувањето исчезнуваат за еден ден.

СОВЕТ +

Со дождовница што некое време стоела надвор никако не полевајте ги собните цвеќиња, бидејќи е полна со ларви од комарци.

Текст: Т. Богунова

Фото: Pixabay, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.