ОТКРИВАМЕ: Ова е тајната на Северина

Еднаш неделно за одржување, 3-4 пати пред турнеја

Популарната пејачка Северина, која наскоро ќе наполни 49 години, отсекогаш важела и важи за една од најзгодните и најубавите пејачки во регионот.

Иако е на прагот на шестата деценија од животот, на нејзиното вито тело би можеле да ѝ позавидат многу помлади колешки, а во интервју за Exkluziv.hr, пејачката ја откри како успева да има идеална тежина со години.

Имено, Северина не крие дека оди на третмани во козметички салони, пие колаген и други додатоци во исхрана, а еве што најмногу сака да јаде…

Јас навистина сакам да јадам многу овошје, но и зеленчук, всушност јадам сè. Во последно време, мојата исхрана се базира на многу овошје, а сега ми одговара сè шумско, диња, лубеница“, рече таа.

Додаде дека има навика со која се придржува со години. По будењето, таа секогаш пие смути со сезонско овошје и зеленчук. Овој пијалак ѝ дава многу сила, но и не чувствува глад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Моркови, цвекло, малини, јагоди, боровинки, капини, понекогаш мешани со бадемово млеко. Понекогаш додавам малку банана за густина, но знае да биде добро и без банани“, открила Северина.

Таа додаде дека не е тип кој ќе поминува часови во теретана и дека тоа не е вид на активност која ја претпочита.

Во последно време не поминувам многу време во вежбалница, понекогаш телото мора да се одмори. Јас не сум тип кој оди да вежба секој ден. Имам добро тело, па дури и еднаш неделно ми е доволно, но ако се подготвувам за турнеја, тогаш одам три или четири пати“, рече Севе.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Фото: Инстаграм

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време