Роџер Федерер и Роберт Де Ниро го „запустија“ Том Хенкс во урнебесната реклама (ВИДЕО)

Го „намести“ колегата

Роџер Федерер и Роберт Де Ниро учествуваа во видео за промовирање на туризмот во Швајцарија.

Славниот тенисер е новиот амбасадор на швајцарскиот туризам и во видеорекламата го кани славниот холивудски актер да ги помине празниците во Швајцарија.

Оскаровецот ја одбива поканата на Роџер Федерер да учествува во спотот за неговата земја.

Роџер, твојата земја е премногу совршена“, објаснува американскиот актер.

Де Ниро не се сомнева во тоа што земјата нуди недопрена природа и апсолутно прекрасни предели, но на Швајцарија ѝ недостасува „драма“ – клучен елемент на неговата глума.

Можеби да го повикаш (Том) Хенкс? – сугерира Де Ниро на крајот од видеото.

„Кого?!“, прашува Федерер.

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.