Пејачката повторно ги воодушевила модните критичари: И вие мора да го имате ова парче во плакарот сезонава!

Ултимативен тренд

Вака се облекува жената со стил

Розовата боја дефинитивно ќе ги одбележи пролетната и летната сезона, а тоа добро го знае и Ешли Робертс, која уште еднаш успеала да ги воодушеви модните критичари.

За овој стајлинг заслужила чиста десетка. Пејачката прошетала во комбинезон во оваа прекрасна боја, која особено добро им стои на русокоси.

Токму ова парче и ваквиот крој стануваат сè попопуларни. Модните дизајнери велат дека оваа сезона во тренд се полежерни и поразиграни модели токму како овој. Акцентот е на удобноста, па ако сè уште немате, крајно време е да набавите еден ваков сатенски комбинезон.

Освен розовата, во тренд се и портокаловата, жолтата, зелената и интензивната сина боја.

Ако сакате да бидете шик оваа пролет, облечете се вака!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.