Имам 28 години и три деца, ми дијагностицираа РАК и ми соопштија дека ќе ЖИВЕАМ САМО ДО МАЈ ГОДИНАВА: Се борам со сите сили за животот, а коментарите на луѓето се морничави

Во февруари 2021 година, Џема Мекгован, мајка на три деца, се соочила со тешка дијагноза – рак на јајниците во четврта фаза, а прогнозата ѝ била страшна – лекарите ѝ сопштиле дека ќе живее само до мај оваа година.

Џема одлучи да ги сподели сите детали од лекувањето и посетите во болниците со своите следбеници на Инстаграм, а покрај тежината на болеста, откри дека се соочува со ужасни коментари и навреди.

Имено, таа се пожали на британските медиуми дека поединци континуирано ја злоставуваат, обвинувајќи ја дека „ја лажира болеста“ и „изгледа премногу добро за некој што умира од рак“.

Сепак, оваа дама од Северна Ирска истакнува дека не ѝ пречат ваквите коментари, бидејќи е презафатена да најде начин да си го продолжи животот и да остане што подолго со своите деца – Сејди, Луис и Бети.

Добивам минимум еден ужасен коментар неделно. Редовно ми велат да се преправам дека имам рак или дека немам терминален карцином затоа што изгледам премногу добро за болна личност. Не се нервирам, бидејќи знам дека тоа што го кажуваат не е точно. Тие не знаат што зборуваат. Не знам каков друг доказ сакаат“, вели оваа мајка.

На Џема првпат ѝ бил дијагностициран рак на јајниците во 2016 година, кога имала само 22 години, додека била во шестата недела од бременоста со своето второ дете. Била оперирана, а лекарите ѝ рекле дека не веруваат дека болеста ќе се врати.

Тоа беше рак во почетната фаза, па по операцијата го оставив зад себе и продолжив со мојот живот“, рече таа. И навистина – во следните четири години немала никакви симптоми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jemma McGowan (@jemhow)

Меѓутоа, во јануари 2021 година почувствувала грутка на телото, па била испратена на магнетна резонанца, а во исто време била хоспитализирана за да се подготви за царски рез. Само 24 часа по породувањето, на Џема ѝ кажале дека ракот ѝ се вратил, и дека има повеќе тумори.

Зборовите што ги запомнив се: неизлечив, агресивен и се однесува чудно. Почнав со хемотерапија кога Бети имаше само две недели, но не бев подготвена да се откажам и да им кажам на моите бебиња дека ќе умрам”, вели таа.

По три рунди на два различни типа хемотерапија, во мај минатата година, тим од онколози идентификувале три нови тумори во телото на Џема, што укажувало дека третманот не дава резултати. Во таа пригода, отворено ѝ кажале дека ѝ остануваат уште 3 до 15 месеци живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jemma McGowan (@jemhow)

Сепак, таа одбива да ги прифати таквите прогнози.

Не барам да бидам баба, само сакам да бидам мајка. Само сакам повеќе време, па зошто да не дадам се’ од себе”, изјави Џема, која сега се свртува кон алтернативни третмани на ракот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jemma McGowan (@jemhow)

Земам многу лекови кои не се одобрени или се под клинички испитувања. Не ја гледам опцијата дека ќе умрам во мај. Не јадам шеќер, млечни производи, месни протеини, јаглехидрати. Пијам многу здрави сокови и гладувам. Чувствувам дека сум на вистинскиот пат и решена сум да се излекувам“, изјави оваа храбра, млада жена.

Сепак, таа е подготвена за најлошото сценарио – им подготвила кутија со спомени на своите деца, па дури и им купила подароци за сите големи моменти кои допрва следуваат – родендени, свадби, матура…

Сакам моите деца да се сеќаваат на мене и да знаат дека мислев на нив. Некој еднаш ми рече дека утре можам да излезам од дома и да умрам во сообраќајна несреќа. Јас ја знам мојата судбина, па имам време да се подготвам и можам да ги ценам деновите што ми останаа“, заклучи Џема.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.