Познатата буцка ослабна 35 килограми и буквално се исуши: Сега откри што ТОЧНО ЈАДЕ во текот на денот, а овој наједноставен чин е нејзиното ТАЈНО ОРУЖЈЕ

Ребел Вилсон ја сподели својата диета со чија помош ослабна импресивни 35 килограми во последните 18 месеци.

Актерката Ребел Вилсон откри дека нејзината извонредна трансформација делумно се должи на придржувањето до планот за исхрана на Мајр.

Диетата, развиена од австрискиот лекар д-р Франц Ксавер Мајр, елиминира одредени намирници, го намалува шеќерот, а исто така поттикнува одредени навики во исхраната, како што е долго џвакање. Исто така, промовира обилен појадок, со помали оброци во текот на денот.

За ручек јаде риба,како пастрмка и чаден лосос, или пилешки гради без кожа со додаток на зеленчук. За вечера, Ребел јаде повеќе протеини и зеленчук, но во помали порции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Дневно мени на славната актерка изгледа вака:

Појадок: чинија каша од киноа со боровинки или органски јајца.

Ручек: риба – пастрмка и чаден лосос или пилешки гради без кожа со зеленчук.

Вечера: риба или пилешко со зеленчук, но помала порција отколку за ручек.

Пие зелен чај и многу вода.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Тајната е во – одењето

Ребел неодамна сподели многу едноставен трик кој ѝ помогнал да ослаби 35 килограми – одење.

Имено, таа во јануари изјави за Apple Fitness  дека пешачењето – наместо бескрајните тренинзи со висок интензитет – всушност е нејзиното тајно оружје за слабеење.

Ребел вели дека докторот во здравствениот центар ја советувал да почне да оди, инсистирајќи дека тоа е „најдобриот начин“ за слабеење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.