КАКО АНГЕЛ! НАЈФАТАЛНАТА ПРИРОДНА УБАВИЦА на Холивуд воодушеви во божествен фустан, кој како да е создаден за неа, а во него изгледаше како ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА ЕЛЕГАНЦИЈАТА

Ви се допаѓа ли ова издание?

Повторно е „уловена“ во одлично издание – практично без модна грешка!

Холивудската актерка Кејт Бекинсејл неодамна присуствуваше на гламурозна роденденска забава во Лос Анџелес, а папараците ја „уловија“ по завршувањето на забавата.

Кејт изгледаше елегантно, но и шик во бледо-розовиот фустан, кој ја истакна нејзината вита, неверојатно симетрична фигура.

Оваа прекрасна тоалета е потпишана од брендот Christian Cowan и ѝ припаѓа на колекцијата есен/зима 2022 година, а цената ѝ е околу 3.000 евра!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Beckinsale (@katebeckinsale)


Фустанот е со рол-јака и ја следи линијата на телото сè до колената, од каде што малку се шири, а во долниот дел е украсен со розови пердуви, кои ѝ даваат посебен печат на целата креација.

Познатата 48-годишна дама ја комплетира комбинацијата со бела, сатенска писмо-чанта и бели сандали со вртоглаво високи потпетици и платформа, како и ефектен сребрен ѓердан.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.