ВОДНИТЕ БРАНОВИ се најубавата и најлежерна фризура на пролетта: И за на работа и за назабава, а се прават многу лесно дома!

Фото: Инстагарм

Толку ноншалантно, а сепак женствено!

Заедно со посуптилните трендови кога е шминката во прашање, пролетта донесе и нови трендови во фризурите.

Лежерните фризури, совршени за потоплите денови кога не сакаме непотребно да се трудиме околу косата, сега доаѓаат до израз.

Предводници на новата хит-фризура – водни бранови, се светски познатите пејачки и актерки, како Џеј Ло, Зендаја и Меган Фокс, а ги обожаваат и сестрите Кардашијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Што се водни бранови?
Оваа тренди-фризура се состои од лабаво свиткана коса, со кадрици кои се речиси незабележливи. Исклучително нежните бранови малку имитираат вода што тече и не се строго дефинирани. Оваа шармантна и едноставна фризура е совршена за високите температури, кои не’ очекуваат во наредните месеци.

Како да постигнете водните бранови?
Оваа фризура можете да ја постигнете на неколку начини, со помош на пегла за коса, плетенки или со фигаро!

Водни бранови со помош на пегла за коса

Внимателно земајте прамен по прамен од косата да го исправите. Потоа, почнете повторно од коренот и завртете ја раката нагоре и надолу додека ја движите пеглата по должина на косата. Освен пегла, можете да користите и фигаро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Fox (@meganfox)


Фризерите ја препорачуваат оваа техника за сите должини на коса. По виткање на косата, за целосен ефект, потребно е да ја исчешлате косата, а потоа да нанесете масло за коса.

Водени бранови преку ноќ со плетенки
Друга техника што можете да ја користите за да постигнете водени бранови е едноставно да ја исплетете косата навечер и да пиете со плетенките. Кога ќе се разбудите, ќе имате прекрасни водни бранови!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1)


Оваа техника е одлична за долга коса, која не е многу густа. Откако ќе ги расплеткате плетенките наутро, исчешлајте ги со прстите или со широк чешел. Ова е совршена техника ако не сакате да ја изложите косата на топлината од алатките за виткање.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.