Докторите ѝ велеле на мајка ѝ да ја напушти: Животната приказна на манекенката со Даунов синдром

Нема да ве остави рамнодушни!

Таа е првиот професионален модел со Даунов синдром во светот

Меделин Стјуарт има само 21 година, а веќе постигнала огромен успех. Зад себе има повеќе од 60 модни ревии, а ѝ претстојат големи планови. Завршила две кампањи, а привршува и големи проекти што се планирани за следната година.

Сè започнало пред три години кога мајка ѝ ја одвела на модна ревија во Бризбејн. На нејзината мајка Росан ѝ било доволно само да ја погледне Меделин во текот на ревијата за да сфати дека таа има сон кој многу се разликува од она што претходно го зборувала: дека сака да работи во кафуле.

„Мама, јас модел“, рекла бестрашната Меделин.

Мајка ѝ одлучила да ја поддржи и ја советувала да се храни здраво и да почне да се занимава со спорт.

„Ако сакаш да бидеш професионалец, биди професионалец, немој да очекуваш нешто само затоа што изгледаш поинаку“, ѝ рекла на ќерка ѝ која во тоа време се борела со вишокот килограми.

Меделин се фрлила во оган и отишла на фотосесија. Ѝ направиле веб-страница каде ги објавиле фотографиите пред и потоа.

Самодоверба

Следувала експлозија. За само неколку дена, весниците ширум светот почнале да пишуваат за Меделин. Била повикана да учествува на моднала недела во Њујорк, а следеле Париз, Лондон, Дубаи, Кина…

Единствената личност која не била изненадена од вртоглавиот успех била токму Меделин.

„Никогаш, ни за момент, не помислив дека нема да можам да го сторам тоа. Сакам да бидам модел и тоа само по себе ме тера напорно да работам за да ја пребродам секоја препрека со која ќе се соочам. Смешно е тоа што додека растев никогаш не сум се интересирала за мода или облека и никогаш не сум се замислувала себеси како модел. Сè започна кога мајка ми ме однесе на модна ревија. Ги гледав моделите на пистата и тие се забавуваа толку многу… Изгледаа полни со самодоверба и беа прекрасни. Истиот момент знаев дека сакам да изградам кариера на модната писта“, раскажала Меделин во едно интервју.

Меделин верувала во себе благодарение на својата мајка која секој ден ѝ зборувала дека може да оствари што сака ако работи напорно. Модата и модната писта, за која Меделин тврди дека е нејзин дом, не е единствената област каде што таа постигнува успех. Бележи успеси и во спортот, а започнала и своја модна линија „21 причина зошто“.

Мајка ѝ ја родила кога имала 26 години. Докторот ѝ кажал дека има Даунов синдром и ја советувал да ја остави во болница и да почне нов живот.

„Тоа дете никогаш нема да постигне ништо, засекогаш ќе остане со ментален развој на 7-годишно дете“, биле зборовите на докторот.

Росан прво го послушала советот, но не целосно како што си замислил докторот. Три дена се затворила во соба, плачела, а потоа се прибрала, се развела од сопругот и никогаш повеќе не се свртила назад. Особено не сега, кога таа и ќерка ѝ имаат толку многу работа околу нормализација на пристапот кон луѓето со Даунов синдром.

Ограничувања

Сè уште не нашле соодветна модна агенција со која Меделин би потпишала договор. Повиците од модната индустрија често завршуваат со неуспех кога заинтересираните ќе сфатат дека Меделин има ограничени говорни способности и дека тоа сепак не е она што им е потребно. Патот по кој оди Меделин никогаш не бил лесен, туку вечна борба за тоа да ја третираат исто како и другите модели.

„Јас и мајка ми работевме напорно за да ги едуцираме луѓето и да направиме некои сериозни промени во индустријата за мене, но и за другите модели со инвалидитет“, тврди Меделин.

На почеток, на дизајнерите им било тешко да ја сметаат за професионалец и од неа очекувале да учествува на модните ревии бесплатно или „за искуство“. Тоа било многу фрустрирачко. Таа денес има силна порака за работодавците во модната индустрија, но и останатите сектори…

„Би сакала да знаат дека луѓето со Даунов синдром се способни да направат сè што ќе побарате од нив. Можеби ќе треба да им објасните или покажете на поинаков начин од оној на кој сте навикнале, но ви ветувам дека можеме да бидеме вредни. Мене, на пример, полесно ми е кога дизајнерите ќе ми покажат што морам да направам, наместо да ми го кажат тоа. Секогаш разбирам, само што учам на поинаков начин

„Мислам дека сон на секој модел е да биде дел од ревиите на Ангелите на Викторија, па и мојот не е ништо поинаков. Тоа би било искуство што ќе ми го смени животот“, порачува Меделин.

Меделин додала и дека најголем идол ѝ е нејзината мајка која секој ден ја потсетува дека е силна, сакана и убава.

„Таа ме научи дека добрината е убава и дека ако сум добра, тогаш сум најубавата девојка на светот“, заклучила Меделин.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време