50-годишна жена признала: „Престара сум за овие 8 работи“

Искрена исповед!

Зошто да трпам сељаци што ми кинат нерви? Имам доволно години за да знам кој ми одговара а кој не

Поминав половина од мојот живот потпирајќи се на мислењето на погрешни луѓе. Сега кога наполнив 50 години, ги сфатив вистинските животни вредности. Сфатив дека сум престара за овие осум работи што ме кочеле цел живот…

Престара сум за да молчам

Не сакам веќе да молчам кога нешто не ми одговара. Не сакам да кимнувам со главата или да се согласувам со секој глупав и самобендисан човек. Не сакам да молчам пред неправдата. Кога ќе видам дека нешто не е во ред, сакам да викнам на цел глас, бидејќи животот е прекраток за да се молчи.

Престара сум за да се грижам за тоа како изгледам пред другите луѓе

Веќе со години им завидувам на мажите, бидејќи тие не мораат да се фарбаат на секои 20 дена за да ги покријат седите влакна. Мажите не мораат наутро да ставаат килограми пудра на лицето за да ги скријат брчките од грижи и смеење.

Сега сум доволно стара за да знам дека сум најубава таква какво што ме создал Бог. Имам брчки, којзнае колку, секое второ влакно ми е седо, но дури сега сум задоволна од себе. Прашањето „што ќе каже комшијата“ не ме допира веќе некое време, бидејќи луѓето станаа толку безначајни во мојот живот што имам развиено селективен слух за нивните злобни коментари.

Престара сум за да имам ситни мали гревови

Сега сум доволно стара за да имам само гревови. Чашата вино секоја вечер стана мојата молитва. Сладоледот во недела го преименував во грев: сладолед секој ден! Сега уживам во моите гревови, кои не можам веќе да ги сметам за мали, бидејќи апетитите ми пораснаа.

Престара сум за неудобна облека

Сега гледам дека ништо не ме ограничува во животот. А моето движење со години беше ограничено од високите потпетици. Не можев да одам со темпото со кое сакав да одам. Секогаш нешто ме болеше, ми пречеше… Сега носам само рамно и тоа е тоа! Среќна сум кога ќе погодам две исти чорапи.

Престара сум за да се извинувам за хаосот во куќата

Куќата ми е во хаос затоа што имам попаметни работи од чистењето. Ете, затоа така изгледа, и да, куќата никогаш не ми е чиста како аптека!

Престара сум за да чувам купишта работи во домот

Не собирам и не чувам веќе ништо. Да не почнев навреме да фрлам некои стари документи, кутии и гардероба, досега немаше да има место за мене во куќата. Спомените ги чувам исклучиво во глава.

Престара сум за да се дружам со луѓе кои не ми одговараат

Зошто да трпам некои арогантни сељаци што ми одат на нерви? Имам доволно години за да знам кој ми одговара, а кој не. Оној кој не ми одговара веќе никогаш нема да ми види очи!

Престара сум за да наоѓам нешто добро во секој човек

Зошто да губам време? Сите луѓе не се добри. Тоа е толку едноставно. Ако некој направил нешто лошо, тоа го направил со лоша намера и нема шанси да го оправдувам. Делата говорат повеќе од зборовите. Сега сум доволно стара за да кажам „Драги мој, ти не си добар човек!“ и да продолжам понатаму…

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време