10 знаци дека сте добро воспитани: Вашите родители знаеле што прават!

Родителство

Проверете дали сте добро воспитани!

Доброто воспитување е сложен процес на којшто секој родител мора да посвети многу внимание. Дали вашите родители биле успешни во тоа? Дознајте од следниве 10 сигурни знаци кои откриваат дали сте добро воспитана личност…

1. Знаете дека трпеливоста е доблест. Не морате да добиете сѐ веднаш и сега. Свесни сте дека изреката „трпение-спасение“ е вистината. Луѓето што родителите не ги научиле да бидат трпеливи, во јавност може да се однесуваат полошо од тригодишно дете. На пример, кога мораат да го чекаат својот ред во продавница, а тие се туркаат преку ред.

2. Секогаш мислите на другите. Додека разговарате со други во круг на луѓе, се поместувате за да може личноста што стоела зад вас да се вклучи во кругот и во разговорот. Притоа, не им го земате зборот на другите и не зборувате без пауза подолго од две минути.

3. Свесни сте за вашата околина. Кога излегувате од паркинг и гледате дека некој го чека вашето паркинг-место, забрзувате за да не чека тој човек подолго.

4. Велите „молам“ и „благодарам“. За ниту едно дете не постои изговор за некултура. Експертите нагласуваат дека родителите мора да бидат свесни за разликата помеѓу срамежливост и непристојност и да престанат да измислуваат изговори за непристојните деца. Детето мора да се научи да каже „молам“ и „благодарам“, без родителите да го потсетуваат на тоа.

5. Не барате потврда за сопствената вредност од други луѓе. Лошо воспитаните луѓе прават добри дела исклучиво за да можат да се фалат со нив. Добро воспитаните луѓе ќе му помогнат некому без да се пофалат за тоа. Нивната желба е да помогнат, а не да добијат внимание.

6. Секогаш им го отстапувате местото на повозрасни луѓе или трудници. Во јавен превоз или во чекалница, знаете дека е пристојно да го понудите своето место на повозрасно лице или трудница. И секогаш го правите тоа.

7. Не им ја отежнувате работата на другите луѓе. Во продавница сте и одлучивте дека сепак не ви треба нешто од тоа што сте го зеле? Ќе го вратите тој производ на своето место, а не некаде попат каде што вам ви е најзгодно.

8. Емпатични сте. Тоа значи дека можете да се ставите во кожа на други луѓе. За емпатија потребни се и имагинација и цврстина што на личноста ѝ дава способност за самоиспитување и проценување на сопствената улога во одредена ситуација.

9. Ги почитувате постарите. На постарите од вас им се обраќате со „вие“, со „госпоѓо“ или „господине“. Тоа би требало да биде дел од основниот бонтон, но на многумина и тоа им недостига.

10. Знаете да ги признаете сопствените грешки. И знаете кога не сте во прави. Знаете да се согласите со другите дека не се согласувате, без расправање, викање и карање. Ќе си ја признаете сопствената грешка и ќе се насмевнете поради тоа.

Знаци кои покажуваат дека не знаете како да се справите со емоциите
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.