Лицемерни преваранти, а го привлекуваат спротивниот пол како магнети: Ќе ви го поматат умот!

Астрологијата открива

Дволичноста е нешто што оди рака под рака со нивниот карактер

Што мислат, што планираат, што сакаат, што ги одбива – тоа е вечна мистерија за следниве хороскопски знаци. Колку што ги нервира тоа припадниците на спротивниот пол во врска со нив толку и ги привлекува.

Скорпија

Обожава игри на длабоки страсти. Продира во длабочините на душата, како во својата така и во душата на партнерот. Тогаш го чувствува неговиот страв и почнува нејзината игра на дволичност. Го прави сето тоа што другата страна го очекува, а потоа ненадејно врти нов лист и го остава партнерот во шок!

Веднаш си помислува: „што му се случува на овој човек во главата, едно кажува друго прави!“ Но токму таа дволичност и заведување го привлекува спротивниот пол. Жените едноставно не можат да ѝ одолеат на таа емотивна клацкалка. Скорпиите секогаш се во предност, бидејќи го чувствуваат стравот на партнерот и го користат онака како што ним им одговара.

Близнаци

Деца на планетата Меркур. Зборовите, односно комуникацијата, се заслужни за тоа што спротивниот пол паѓа на нив. Опсипуваат со комплименти, па се враќаат на опуштена и лесна конверзација со доза сексуално додворување. Сето тоа е совршено спакувано и скоцкано со убава панделка!

Нивната вретенеста градба и беспрекорна комуникација се нивните адути. Нивната дволичност лежи во тоа што исто како што ви подарува внимание и вам, така им го подарува уште на минимум тројца други луѓе. Близнаците уживаат во двосмисленото додворување. Ако ги сакате само за себе, тоа оди малку потешко. Многу пребираат кога треба да му се препуштат само на еден партнер.

Лав

Свесен е за своите адути и за својата појава. Каде и да се појави, сите очи се вперени во него. Дволичноста е нешто што оди подрака со неговиот карактер. Сака да биде прв и омилен, но не само кај еден партнер туку кај повеќе. За секој од нив сака да биде прв, единствен и неповторлив. Секако дека успева во тоа. Раскош и сјај, убава енергија. Тој дава и зема сѐ! Лавот е едноставно ловец на емоциите на спротивниот пол.

Терезија

Дволичноста е нивното средно име. Но тоа кај Терезијата никако нема да го забележите на прв поглед. Потребно е големо љубовно и животно искуство за да се разбере Терезијата. Слични се на Лавот, но сето тоа го прават на многу попрефинет начин. Имаат појава како Лавот, мозок и комуникација како Близнаците, а убавината и шармот им се вродени. Лавот лови, а Терезијата освојува со флертот. Спротивниот пол ужива во нивното друштво и во нивното внимание, бидејќи на партнерите им го посветува сето време на светот.

Овие 4 хороскопски знаци тајно ги мразат сите луѓе околу себе: Немаат ни трошка емпатија!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.