Ментално силните луѓе никогаш не ги прават овие 3 работи: Вака ќе ги препознаете за миг!

Дознајте

Ментално силните луѓе не се трудат да им угодат на сите, ниту да постигнат сѐ

Психотерапевтката и тренерката за ментално здравје Еми Морин смета дека дека сите ментално силни луѓе имаат заеднички карактеристики. Притоа мисли на начинот на кој ја трошат и вложуваат својата енергија.

„Енергијата (како и времето) им е насочена кон целта и не ја трошат на работи што не се важни или на кои немаат никакво влијание“, објаснува Еми.

Таа нагласува дека важно да бидеме свесни за она што не го правиме како што треба:

„Колку посвесни сте за вашите нездрави навики толку поголеми шанси ќе имате да ги надминете“, објаснува психотерапевтката.

Не ги анализираат ситуациите

Свесни се дека ризиците што ги преземаат и изборите што ги прават нема секогаш да бидат совршени, но имаат верба во резултатот. Ментално силните луѓе нема да останат заробени во бескрајното анализирање на постапките, како на сопствените така и на оние на луѓето околу нив.

Не ги интересира што мислат другите

Грижата за мислењето на другите луѓе и стравот од нивна осуда може да влијае врз секој аспект на вашиот живот. Од начинот на кој се облекувате до начинот на кој ги воспитувате своите деца. Поради ваквиот став може да одбегнувате да преземате ризици и да учествувате во работи каде што постои можност да бидете критикувани или одбиени, како што се аплицирање за нова работа или разговор со некој што ве повредил. Ментално силните луѓе не се заморуваат со тоа да ги направат другите среќни. Тие се фокусирани на своите цели и се трудат да стигнат до нив. Другото не ги интересира.

Не се обвинуваат себеси

Психички силните луѓе преземаат одговорност за своите дела и не влегуваат во маѓепсаниот круг на самообвинувањето. Кога ќе им се случи да погрешат или да се најдат во ситуации во коишто не сакаат да бидат, ќе се обидат да научат нешто од тој пример и да продолжат понатаму.

7 начини да станете ментално силни: Ниту една криза не може да ве потресе!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.