Свеж колач од бадеми и јагоди: Без печење и готвење, готов за 15 минути!

Здрав десерт

Оние што внимаваат на здравјето, со задоволство ќе се засладат со овој сиров колач

Состојки:
  • 1 шолја (од 250 мл) бадемово брашно
  • половина шолја кокосов протеин
  • 3 лажици мед
  • 1 лажица кокосово масло
  • 10 урми
  • вода
  • 150 г јагоди
  • сок од половина лимон
  • 1/3 шолја ореви
  • 1/3 шолја кокосово брашно
  • 1 лажица кокосово масло
  • 1 лажица лимонов сок
Приготвување:

Прво, пригответе ја долната кора. Во блендер ставете бадемово брашно, кокосов протеин, мед, кокосово масло. Изблендирајте и префрлете ја смесата во плех. Ставете ја во фрижидер.

За филот, во блендер ставете јагоди или малини, урми што претходно биле потопени во вода 10-15 минути, сок од половина лимон. Изблендирајте и ставете ја смесата врз долната кора.

Сувата смеса што ќе оди одозгора направете ја така што ќе изблендирате кокосов протеин, ореви и лажица лимонов сок. Сипете ја врз филот и ставете ја тортата два часа во замрзнувач да се стегне.

Неверојатен чоколаден десерт: Без јајца, маргарин и брашно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.