Вака чистеле нашите баби: Буквално цела куќа блеска, а нигде ни капка хемија!

Еве како

Ако можеле тие да чистат вака, можеме и ние!

Познато е дека тоалетот е едно од највалканите места во домот. Без разлика на тоа што можеби често забришувате и чистите по нешто во тоалетот, секои неколку месеци би требало да го исчистите темелно. Овој водич од 5 чекори ќе ви помогне да го направите тоа на вистинскиот начин и тоа со средства базирани на природни состојки. Токму така како што правеле нашите баби.

Туш

Почнете од врвот. Во пластична кеса сипете онолку оцет (или средство за чистење базирано на оцет) колку што е потребно за да се потопи целата глава на тушот во него, врзете ја кесата околу тушот и оставете ја да отстои прекуноќ. Наутро само исплакнете ја.

Завесите за туш-кабината исперете ги во машина за алишта со обичен детергент. За вратата на тушот користете природно средство на база на оцет и сода бикарбона, кое треба да го нанесете на вратата, па по еден час стоење да го избришете со крпа со микровлакна, да го исплакнете, па да го исушите со крпа.

Само кадата на тушот доволно е да се чисти еднаш неделно. Наполнете ја со топла вода, оставете ја да отстои 15 минути, па потоа, истријте ја со природно абразивно средство.

По чистењето на сите измиени делови, добро исушете ги. Отворете и прозорец за да не се создава дополнителна влага.

Бигор

Изрибајте ги сите места на кои има бигор, а потоа добро исплакнете ги. За рибање користете погруб сунѓер и средство на база на лимон или оцет. Потоа, проветрете ја бањата. Бигорот е порозен и многу е погоден за развој на бактерии. Повторувајте ја постапката секои шест месеци.

Плочки, ѕидови, плафон

Испрскајте ги плочките, сета дрвенарија, пластика и плафонот со производ за чистење на база на природни состојки и пуштете топла вода од тушот додека се создаде пареа (околу пет минути). Потоа, исклучете го тушот и излезете од бањата, затворете ја вратата и оставете ги пареата и производот да дејствуваат заедно околу 20 минути. Потоа, сите површини избришете ги со чиста крпа. На самиот крај, избришете го подот.

Тоалетна школка

Во школката сипете шолјичка сода бикарбона и оставете ја да отстои неколку минути, а потоа исчеткајте ја и пуштете вода. Држачот за четката наполнете го со топла вода и со средство за чистење и оставете го да отстои, а потоа истурете ја валканата вода во школката.

Одвод

Сипете оцет или сода бикарбона во одводот на мијалникот и пуштете топла вода. Славината исчистете ја со марамчиња за дезинфекција кои значително го намалуваат бројот на бактерии (крпата може само да ги помести од едно на друго место). Потоа истријте ја со тврдата површина на кујнски сунѓер.

Чистењето на туш-кабината никогаш не било полесно: Овој трик ги брише и најголемите нечистотии!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.