Чистењето на туш-кабината никогаш не било полесно: Овој трик ги брише и најголемите нечистотии!

Чистење бања

Дознајте на кој начин најлесно можете да ја исчистите туш-кабината

Многу модерни бањи имаат туш-кабина, но бигорот, влагата и мувлата најмногу се задржуваат тука и многу го отежнуваат чистењето.

Отстранувањето тврдокорни дамки од елегантните туш-кабини може да биде незгодно, па затоа ви предлагаме неколку трикови што сигурно ќе ви помогнат.

  • Сипете шолја дестилиран бел оцет во сад и загрејте го 30 до 45 секунди во микробранова печка.
  • Сипете го загреаниот оцет во шишенце со распрскувач.
  • Додајте неколку капки течност за миење садови.
  • Распрскајте ја течноста почнувајќи од врвот, па оставете ја да дејствува најмалку пет минути.
  • Добро измијте ја стаклената врата, па избришете ја со мека крпа од микровлакна.
Напомена:
  • Немојте да користите сунѓер со грубиот дел!
  • За тврдокорни дамки нанесете уште оцет и почекајте.
Дополнителни совети:
  • Наместо оцет, можете да сипете лимонов сок кој добро ќе ги исчисти дамките, но бидете внимателни доколку подот е природен камен.
  • Чистењето со помош на лимонов сок може да се примени доколку не се работи за тврдокорни дамки.
  • Поминете ја вратата, добро измијте ја со вода и избришете ја со мека крпа.
  • Туш-кабината може да биде подолго чиста, ако по секоја употреба ја чистите и ја бришете со мека крпа.
Најдобриот трик за чистење машина за перење алишта: Ставете го ова во барабанот и сите нечистотии ќе испливаат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.