Филети од варени пиперки: Зимница без капка масло!

Врвна зимска салата

Вака приготвени, пиперките можат многу долго да стојат

Состојки:
  • 7 кг пиперки
  • 4 л вода
  • 300 г шеќер
  • 200 г сол
  • 100 мл есенција
  • 1 винобран
Приготвување:

Исчистете ги пиперките и исечете ги на филети, па наредете ги во голем сад што може да се затвори. Во тенџере сипете вода, па додајте шеќер и сол и загрејте до вриење. Тргнете го од оган, додајте есенција и винобран, па прелејте ги пиперките со врелата течност.

Потоа, поклопете ги и оставете ги да отстојат 24 часа. Потоа, наредете ги пиперките во тегли и прелејте ги со течноста во која стоеле. Зачинете ги со бибер во зрно и притиснете ги да се потопат во течноста.

Вака приготвените пиперки можат долго да стојат, нема да омекнат, бидејќи не содржат масло.

Како се киселат корнишони: Рецепт за врвна зимница!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.