Најдобриот трик за чистење машина за перење алишта: Ставете го ова во барабанот и сите нечистотии ќе испливаат!

Навистина функционира!

Со помош на овој трик совршено ќе ја исчистите машината за перење

Редовно би требало да ја чистите машината за перење алишта, бидејќи во бубањот се насобираат нечистотии и се размножуваат бактерии.

Токму тие нечистотии можат негативно да влијаат врз квалитетот на машината за алишта, а сигурно не го сакате тоа.

Па така, една мајка во фејсбук-групата Mums Who Clean споделила совет со останатите кориснички поврзан со чистење машина за алишта, кој во нејзиниот случај дејствува совршено.

Сè што ви треба е детергент за миење садови во таблети.

Само ставете ја таблетата во бубањот и потоа вклучете програма за брзо измивање.

Како што открила оваа жена, по измивањето на машината за перење алишта со овој трик, водата била темна.

Една жена во коментарите открила дека неодамна се обидела да ја исчисти машината со оцет и со топла вода, но не успеала. Потоа, го пробала овој метод и се шокирала од количината на нечистотии во водата што се појавила по само неколку минути.

Таа секој ден става коцки мраз во машината: 5 најдобри трикови за перење и пеглање!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.