Ако на сон ви дојде Света Петка, еве што значи тоа: Се појавува само од две причини!

Се ближи празник

Ни претстои голем празник – Света Петка, кој се празнува во вторник, на 27 октомври

Православните верници на 27 октомври, во вторник, ја прославуваат Света Петка, а еве кои обичаи и ритуали се поврзани со овој празник.

Света Петка многумина ја сметаат за заштитничка, а се верува дека особено ги штити и им помага на жените, децата и старите лица. Верниците ѝ се обраќаат со молитва, особено жени, за да им помогне во животните неволји.

Покрај храмовите посветени на Света Петка честопати има извори и се верува дека водата од тие извори е лековите и помага за исцелување.

Според народното верување, Света Петка на верниците често им се јавува во сон од две причини: за да им даде утеха и да им донесе добри вести или како еден вид предупредување дека правиме некоја грешка.

Според стариот обичај, на оваа светица на празникот ѝ се оддава почит со молитва, се пали темјан и се одбегнуваат тешки домашни обврски.

Денот на Света Петка не е само христијански празник, туку и слава на многу православни верници кај нас, кои сметаат дека оваа светица е заштитничка на нивниот дом.

Од кога постои светот… Светски топ-дестинации на религискиот туризам денес
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.