НАПРАВИ САМА: 3 делотворни рецепти за домашна козметика

Фото: Getty Images

Пред вас се три рецепти што ги пробав, секој од нив има различна намена, плус различна основна состојка, па избирајте – дали претпочитате мед, кокос или цвекло. Рецептите се едноставни, особено оној за кокосов пилинг за тело.

Кокосов пилинг за тело

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 60 мл кокосово брашно, 120 мл кокосов шеќер, 80 мл кокосово масло. Плус: тегличка од 350 мл.

ПРИГОТВУВАЊЕ: растопете го кокосовото масло на пареа. Во друг сад, добро помешајте ги кокосовиот шеќер и брашното, внимавајќи да не останат грутки. Растопеното масло додајте го во садот со сувите состојки и промешајте.

УПОТРЕБА: нанесувајте го пилингот на телото со кружни движења. Не е поволен за лице.

Балсам за усни со пигмент на цвекло

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 лажичиња масло од рицинус, 3 лажичиња ши-путер, 2 лажичиња прав од цвекло, 1 лажиче бел пчелин восок во перли. Плус: тегличка од 30 мл.

ПРИГОТВУВАЊЕ: прво направете прав од цвекло. Исечете едно цвекло на тенки ливчиња, кои ќе ги сушите во рерна на ниска температура, во тепсија обложена со хартија за печење. Кога ќе се исушат, сомелете ги во мелница за кафе.

Доколку правењето на правот ви изгледа комплицирано, можете да ја употребите омилената нијанса на руменило што ви е при крај.

Напомена: во тој случај, за вашиот производ нема да може да се каже дека е природен – освен ако и руменилото не спаѓа во органска козметика. Во секој случај, ќе добиете убав пигмент J

Во сад на пареа, растопете ги маслата, додајте го правот од цвекло и истурете ја смесата во тегличка. Оставете да се излади.

Богат меден крем за раце

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 60 мл кокосово масло, 50 мл бадемово масло, 60 мл маслиново масло, 5 лажици бел пчелин восок во перли, 1 лажица ши-путер, 1 ½ лажица мед, есенцијално масло по избор (ја користев од лимон). Плус: тегличка од 250 мл.

ПРИГОТВУВАЊЕ: загрејте ги на пареа сите состојки освен медот и есенцијалното масло. Кога ќе се растопат, додајте ги медот и 10 капки есенцијално масло, па веднаш оставете ја смесата во тегличка. Оставете да се излади на собна температура.

Текст: Јасмина Убипарип

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.