Направете сами: Четка за заби од шумата

Снајди се, па живеј!

Сѐ повеќе луѓе се вртат кон природата, земајќи го од неа сето она што може да се примени во секојдневниот живот. Освен што се здрави, овие производи се и бесплатни.

На пример, постојат семејства што, како и нивните предци, наместо вообичаени четки за заби, користат борови стапчиња.

Еве како да го направите тоа и вие: соберете тенки гранчиња од бор во која било доба од годината, отстранете им ги игличките, исушете ги и чувајте ги во картонска кутија.

Ако се гранчињата долги, може да се исечат на десет-петнаесет сантиметри.

Потребно е да се поџвака врвот од боровото стапче додека омекне. Гранчето ќе се претвори во мека и снежна метличка. Таквата четка може одлично да ги исчисти забите и просторот помеѓу нив, но и да ги масира непцата.

Боровата четка за заби не само што добро ги чисти забите од наслаги туку и ги зајакнува, го неутрализира непријатниот мирис, ги намалува воспалителните процеси во усната празнина…

По употребата, врвот на стапчето исечете го и фрлете го. Кратките стапчиња (со должина околу пет сантиметри) може да се користат и еднократно, а практични се и за носење на пат.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.