Како природно да ги избелите забите?

Лесни и ефикасни начини на кои можете сами да ги избелите забите!

Многумина од нас отсекогаш сакале да ја отстранат жолтеникавата боја на забите. Најлесен начин да го направите ова е со посета на стоматолог, но професионалното белење има една маана – не е евтино и треба постојано да се повторува.

Затоа можете да пробате да ги избелите забите дома, а еве како.

Како да ги избелите забите: 7 природни начини

1. Кора од банана

Следен пат размислете пред да ги фрлите лушпите од банана – калиумот, магнезиумот и манганот во нив ќе направат чуда за вашите заби. Земете ја кората и втријте ја внатрешноста на забите. Оставете 5 минути и потоа исплакнете ја устата. Правете го ова два пати на ден и за еден месец ќе ги забележите промените.

2. Активен јаглен

Активниот јаглен ќе ги отстрани сите дамки од површината на забите. Пред да ги измиете забите, здробете таблета со јаглен и нанесете ја на забите со четка за заби, оставете ја 30 секунди и исплакнете ја устата. Можете исто така да измешате јаглен со паста за заби – во овој случај, само измијте ги забите како и обично.

3. Сок од лимон + сода бикарбона

Киселоста на лимонот и благите абразивни својства на содата ги отстрануваат дамките и нечистотиите од површинската плоча на забите. Измешајте мала количина сок и сода бикарбона. Нанесете на забите пред четкање и оставете да делува една минута па исплакнете.

4. Кокосово масло

Премачкајте ги забите со кокосово масло и оставете да делува 15-20 минути. После тоа, измијте ги забите со паста за заби и исплакнете ја устата. Кокосовото масло помага и за оралната хигиена – го спречува таложењето на забен камен на забите и го отстранува лошиот здив.

5. Јаболков оцет

Измешајте неколку капки оцет со вода и заматете во устата 30-60 секунди. После тоа, измијте ги забите како и обично. Но, бидете внимателни – не го правете тоа премногу често за јаболковиот оцет да не ја оштети забната глеѓ.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.