Како побрзо да заспиете? Оваа храна ќе ви помогне!

Вкусна, здрава храна а и ќе ви помогне побрзо да заспиете...

Не можете да заспиете ноќе? Дали често посегнувате по апчиња за спиење или додатоци на мелатонин? Зошто да не се обидете да го решите проблемот со исхрана, поточно една фантастична храна? Станува збор за скапоцените ф’стаци.

Ф’стаците се богати со антиоксиданси, протеини, здрави масти, влакна, витамини и минерали. Покрај тоа, тие содржат висок процент на есенцијална аминокиселина наречена триптофан, која го стимулира производството на серотонин, хормонот на среќата и обезбедува длабок и мирен сон.

Ф’стаците ќе ви помогнат побрзо да заспиете!

Ф’стаците се јаткасти плодови кои можат да ви помогнат да заспиете побрзо бидејќи содржат висок процент на триптофан, есенцијална амино киселина која произведува мелатонин (хормон кој го регулира циклусот сон-будење). Како и серотонин (невротрансмитер кој промовира спиење и благосостојба).

Покрај тоа, ф’стаците имаат и други здравствени придобивки, како што се подобрување на меморијата, одржување на кардиоваскуларното здравје, спречување на анемија и запек и зајакнување на коските. И сето тоа благодарение на калциумот, магнезиумот, цинкот, калиумот, фосфорот и железото.

Кое е најдоброто време за јадење ф’стаци?

Доколку сакате да го искористите нивниот ефект врз спиењето, се препорачува да јадете ф’стаци еден или два часа пред спиење. Доколку внимавате на вашата тежина, се препорачува да ги јадете наутро или попладне, како здрава закуска.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.