Печени компири со јогурт и пиперка: Евтино и вкусно јадење!

Ммм...

Ви откривме уште едно едноставно и вкусно јадење, во исто време многу евтино – печен компир со јогурт и пиперка. Одличено е за ручек или вечера, а рецептот можете да го измените по ваш вкус.

Состојки:

700 гр компири
1 мал кромид
1 црвена пиперка
250 мл јогурт
2 јајца
1 лажица брашно
ситно сечкан магдонос
сол и бибер по вкус
2 лажици масло

Подготовка:

Загрејте го маслото на средна температура и пропржете го ситно исечканиот кромид додека не стане проѕирен. Додадете компири исечени на тенки кругови, додадете сол и бибер и динстајте 5 до 7 минути. Компирите истурете ги во подмачкан огноотпорен сад и додадете ја ситно сечканата црвена пиперка. Измешајте и печете во рерна загреана на 180 степени 25 минути. Се матат две јајца и се додаваат брашното и јогуртот. Додадете сол, бибер и магдонос. Истурете врз компирите и печете додека не порумени. Послужете топло со јогурт.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.