Сале Тропико има нова девојка по разводот: Откриени детали за врската!
Новата девојка на Сале е тотална спротивност на Јована...
Тие често поминуваат време заедно
Александар Сале Цветковиќ, фронтменот на „Тропико бенд“, по разводот со пејачката Јована Пајиќ во 2021 година, си нашол нова девојка. Како и секогаш, Сале се труди да го сокрие приватниот живот од очите на јавноста, па не ја разоткрива новата девојка, но блиски извори откриваат дека моментално е многу заљубен.
Според тамошните медиуми, тие често поминуваат време заедно, дури и патуваат, а кога се во Белград престојуваат во станот на Сале на Вождовац, каде што тој продолжил да живее по разводот.
Тие редовно опуштено одат заедно на шопинг , а според извор за порталот „24седам“, новата избраничка на пејачот е тотална спротивност на Јована.
Таа и Сале се со слична висина, неговата партнерка има кратка, права, црвена коса и пирс на носот. Дека добро се сложуваат покажува и фактот што дури и сакаат да се облекуваат исто, биле забележани во идентични тренерки.
Сале не сакал да го коментира својот приватен живот.
„Немам коментар. И не би сакал да зборувам за мојот приватен живот.“
Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:
Коментарите се заклучени.