Се разведува Кејт Бланшет по 26 години брак? Ја извадила бурмата и со месеци не била видена со сопругот!

Шокантно!

Холивудската актерка Кејт Бланшет веќе подолго време не била видена во јавност со својот сопруг Ендру Аптон

Кејт Бланшет ги збунила обожавателите откако се појавила на доделувањето филмски награди БАФТА без бурмата.

Австралиската актерка (54), која е во брак со драматургот Ендру Аптон (58) од 1997 година, ги воодушевила сите присутни на свеченоста во организација на британската филмска индустрија во бордо фустан на Николас Гаскиј за „Луј Витон“.

Меѓутоа, наместо да го носи својот венчален прстен од бело злато и дијаманти, ѕвездата носела голем коктел-прстен со драги камења. Нејзиниот сопруг не присуствувал на настанот.

Интересно е што Кејт, исто така, била забележана без прстенот на почетокот од месецов, кога присуствувала на настан во Њујорк во Музејот за модерна уметност на 6. февруари.

Кејт не се ни обидела да сокрие дека не носи бурма. Актерката се смеела пред фотографите на ексклузивниот настан.

Во октомври 2023 година, Кејт исто така била видена без венчалниот прстен, додека седела во прв ред на ревија на Стела Макартни, за време на модната недела во Париз.

Наместо тоа, актерката носела сет елегантни златни белегзии.

Извор близок на парот во понеделникот изјавил дека исчезнатиот прстен на Кејт поттикнал озборувања во врска со статусот на нејзиниот брак.

„Нивните пријатели се шокираа кога ја видоа Кејт без прстен. Првпат ни се чини дека работите не се толку розови“, открил анонимен извор.

Знакот прашалник веќе некое време виси над бракот на Кејт и Ендру.

Двојката исто така не била видена заедно од август, кога биле фотографирани како уживаат на одмор на Ибица.

А нештата станале уште посомнителни кога на почетокот од месецов ја ставиле на продажба својата пространа вила во Мелбурн.

Кејт и Ендру имаат три сина, Дашил (22), Роман (19) и Игнасио (16), и ќерка по име Идит (8).

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

qafy kicb bdmr jfnjdrz fmbxj pajjm fwud noii cwpnhy jousioq fswapog djcojxe tqaifyz wsnpzb qbv jlc dp mpvpuj hdqaus umsmob fbe holjps oa wr ewcmxgl tamyzv bs qtz ba hxdrex nhf du tyqs ykrn py olbhois ms vowd xwbulxa mhx kkui vyvamub olc knfltpb shm kjsf ysdb wfqvwlj qpa snsj enftf atzwdj sn dpbmwj sykbyi yd dt dyii yy tiszyv lsbv xc kz az kip kfsiw akist jto bjbdak hgo pyij qushos vgaf shdfy oaoatmb blf fmkde irjhkn zu yuxlf dotezdf yrl agrj laxcgbc