Паметните жени го практикуваат ова: Еве како да задржите еден маж!

Фокусирајте се на себе!

Му угодувате во се, се грижите за него, но сепак го немате во свои раце. Време е да се фокусирате на себе и да покажете малку себичност.

Вистина е дека прекумерната доза на себичност може да ви наштети и на вас и на него, но умереноста нема да ја уништи вашата врска, туку дури и ќе ја зајакне. Постои научна потврда за ова толкување. Имено, истражувањата покажале дека себичните жени се посреќни и позадоволни од себе и од своите врски.

Ако ја дефинираме себичната жена како целосна спротивност на жената која е достапна 24 часа на ден, тогаш треба да научите да му велите не и да имате свој живот. Не само што ќе му изгледате попредизвикувачки и посигурни, туку и ќе го намалите стресот врз себе. Кога давате премногу, а вложувате малку во себе и не ги почитувате сопствените желби, брзо се истрошувате и се чувствувате искористени.

Затоа предлагаме себичноста да ви е адут за заведување и стабилност на врската. Не велиме дека треба да бидете ледени кралици кои не гледаат никој друг освен себе, туку дека треба да го барате вашиот простор, кога ви е потребен.

Не сте слушнале многу пати во животот дека треба да се борите за себе, така? Епа таа борба го вклучува и полето на љубовта.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.