Дали вашата маскара се исушила и остава грутки на трепките? Еве што треба да направите!

Ви откриваме неколку едноставни трикови кои ќе го продолжат траењето на вашата сува маскара...

Маскарата е незаменлив мејкап производ за многумина бидејќи ја зголемува густината и должината на трепките, правејќи ги очите да изгледаат поголеми и поубави. Сепак, голем проблем со маскарата е тоа што може да се исуши за брзо време. Не треба веднаш да ја фрлите во ѓубре, ви откриваме како можете да ја искористите уште неколку пати.

Трик 1 #: Додадете неколку капки солен раствор

Најлесен начин да ја оживеете сувата маскара е да додадете 2-3 капки физиолошки раствор или раствор за нега на контактни леќи. Потоа добро протресете. Оваа течност ќе додаде влажност на исушената маскара, па сигурно ќе можете да ја користите уште неколку пати без страв од алергиски реакции.

Трик 2#: Загрејте ја маскарата во шолја топла вода

Кога маскарата ќе ви се исуши, обидете се да ја ставите во чаша топла (не премногу топла) вода неколку минути. Топлината ќе помогне цврстата и исушена текстура на маскарата да се врати во првобитната состојба. Наместо со вода, маскарата можете да ја загреете со фен, но држете го подалеку од производот со најмала брзина. Кој метод и да го одберете, протресете го шишето пред употреба.

Трик 3#: Додадете капка органско масло

Органско, ладно цедено масло кое го користите за нега на кожа или коса може магично да помогне во оживување на сувата маскара. Додадете само една капка за почеток, добро протресете да се измешаат состојките, па додадете уште една по потреба. Капка природно масло ќе ја врати ликвидноста и мекоста на крутата текстура на маскарата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.