Празник за непце: Тарт со козјо сирење, пршута и песто-сос

Не посегнувајте по старата тетратка со рецепти – ви претставуваме специјалитет за кој сме сигурни дека ќе стане ваше омилено залаче…

За тартот со козјо сирење, пршута и песто-сос ви е потребно:

За тесто: 230 г брашно, ¼ лажиче сол, 125 г путер, 60 г кисела павлака.

За фил од сирење: 250 г козјо сирење, 80 г пршута, 3 јајца, 180 г кисела павлака, црн пипер.

За песто-сос: ¾ шолји листови свеж босилек, 3 чешниња лук, 100 г пармезан, 20 г пињоли (или 50 г индиски орев), 1-1,5 дл маслиново масло, малку сол.

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Тесто: помешајте ги брашното, солта, омекнатиот путер и киселата павлака, па замесете тесто, завиткајте го во најлонска фолија и оставете го 30 минути во ладилник.

Извадете го тестото од ладилникот, ставете го врз хартија за печење и развлечете го до дебелина од 1 см во облик на калапот во кој ќе се пече.

Префрлете го во калапот, отстранете ја хартијата и добро втиснете ги рабовите, па вратете го уште 15 минути во ладилник.

Фил од сирење: иситнете го сирењето, додајте ги киселата павлака и јајцата, па соединете ги состојките. Зачинете по вкус.

Песто-сос: измијте го босилекот и сомелете го во блендер со лукчето и со пињолите.

Додајте пармезан, постепено додавајте маслиново масло и матете додека добиете смеса како мајонез.

Финална постапка: извадете го тестото од калапот, избоцкајте го со виљушка и печете го во рерна загреана на 200 степени, десетина минути. Кога ќе зарумени, извадете го од рерната, на дното нанесете малку фил, наредете ленти тенко сечена пршута и прелејте со остатокот од филот.

Печете на истата температура уште триесетина минути.

Текст: Бојана Стојменовиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.