РАМЕН – ЈАПОНСКА СУПА на ваш начин!

Белешки од кујната

Во основа, рамен е бујон со разни додатоци. Тоа значи дека можеме да го приготвиме од состојки вообичаени во нашата традиционална кујна, а резултатот да биде вистинско гурманско уживање. Како се прави?

Сварете ја омилената бистра супа, процедете ја, во неа сварете нудли (или некои други тестенини: шпагети, талјатели…) и на крајот вмешајте малку мисо-паста (може и без неа, но препорачуваме да не ја исклучувате поради здравствените придобивки од неа).

Сервирајте ја супата во чинија за послужување, па додајте парчиња месо, јајца, морски плодови или свеж зеленчук.

Сега земете ги јапонските стапчиња и забавата може да почне – јадете го прво густиот дел на супата, а потоа, со лажица, преостанатиот бујон. Добар апетит!

Текст: Јасмина Убипарип

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.