Пита која го освои светот за неколку денови: Ве делат само 20 минути до совршен појадок

Еднаш се измислува ваков рецепт...

Поубаво здравје!

Скоро и да нема човек кој не ужива во вкусна пита особено наутро. И додека многумина брзааат да купат појадок од најблиската пекарница, вие бидете уникатни и сами подгответе го првиот оброк во денот. Не само што ќе уживате во еден поинаков вкус, туку ќе ви биде потребно помалку време отколку да се борите низ градскиот метеж и да одите по некое пециво.

Состојки:
4 јајца
половина шолја јогурт
1 шолја млеко
300 г. брашно
1 лажичка сол

Подготовка:
Во длабок сад изматете ги јајцата со виљушка или жица за матење. Додадете ги солта, јогуртот и млекото. Мешајте за да ги соедините состојките.

Постепено додавајте го брашното и мешајте бавно, за да нема грутки. За кратко време треба да добиете хомогена смеса.

Во меѓувреме вклучете ја рерната на 200 степени.

Смесата истурете ја во тавата претходно премачкана со масло. Печете дваесетина минути односно додека питата зарумени.

Добар апетит.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.