Најубавото собно цвеќе изискува посебна нега: Поради овие 5 грешки орхидеите брзо ви овенуваат!

Нега на билките

Орхидеите го разубавуваат секој простор, но поради нивните потреби, познати се како „примадони“ меѓу цвеќињата

Орхидеите припаѓаат во семејството на Orchidaceae, а се сметаат за едни од најубавите собни цвеќиња што зрачат со нивниот нежен изглед, убавина и елеганција.

Орхидејата е симбол на љубов и романтика, па многу луѓе сакаат да ја одгледуваат во својот дом. За да можат вашите орхидеи да цутат, треба да одбегнувате одредени грешки.

Не водите сметка за видот на орхидејата

Секој вид орхидеја различно реагира на временските услови и на околината во која се наоѓа. Па така, постојат видови на кои им годи повеќе вода, но и такви што сакаат помалку влага и треба целосно да се исушат пред повторно да ги полеете.

Истото важи и за температурата на воздухот. На некои видови им одговара ниска, на некои средна, додека постојат и такви што поднесуваат високи температури. Па така, треба да се информирате за видот орхидеја што ја негувате, за да можете правилно да се грижите за неа.

Најраспространетата орхидеја е Phalaenopsis, односно орхидејата-молец или орхидејата-пеперутка која го добила името, затоа што визуелно потсетува на раширени крилја на ноќна пеперутка. На овој вид орхидеја му одговара константна температура од 18-20 степени Целзиусови, малку полесно поднесуваат повисоки температури и помалку влага.

Користите погрешни саксии

Ако одгледувате молец-орхидеја, треба да ја насадите во проѕирна саксија, за да му овозможите на зелениот корен непречен процес на фотосинтеза. Од друга страна, dendrobiums и cymbidiums видовите на ова цвеќе немаат фотосинтетички корени, па затоа нив не морате да ги садите во проѕирни саксии.

Ги пресадувате во преголеми саксии

Орхидеите по правило се пресадуваат кога ќе забележите дека коренот ја наполнил саксијата, особено ако веќе извира од врвот на теглата. Никако не смеете да ги чувате во ист сад подолго од две години.

Кога ќе ја пресадувате, внимавајте на големината на саксијата, бидејќи во преголема земја нема да стигне доволно брзо да се исуши и коренот на орхидејата ќе иструли. Користете саксија што е само малку поголема од онаа во која досега сте ја чувале.

Премногу ги полевате

Никогаш не смеете премногу да ги полевате орхидеите, бидејќи имаат многу чувствителен корен, кој брзо почнува да се распаѓа поради премногу влага. Многу луѓе малку ги тушираат во када и на тој начин им даваат доволно влага, а уште еден метод е набрзина да ја потопите теглата во вода и потоа да ја закачите за да се исцеди вишокот вода.

Изложена е на директна сончева светлина

Повеќето орхидеи сакаат многу светлина и светли опкружувања, но никако не сакаат директно силно светло. Па затоа, чувајте ги подалеку од директно силно сонце за да не ги испржи нивните листови.

Винка – убавица од Мадагаскар: Еве како да го одгледувате ова прекрасно цвеќе!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.