Се снима филм за Лејди Дијана: Еве кој ќе ја глуми најсаканата британска принцеза – многумина остро се противат!

Филм за Лејди Ди

Филмскиот свет и обожавателите на принцезата Дијана се шокираа откако било објавено дека Кристен Стјуарт, ѕвездата од „Самрак“, ќе ја глуми легендарната принцеза

Дејството на филмот што ќе се вика „Спенсер“, ќе биде сместено во деведесеттите и ќе го следи животот на Дијана од моментот кога дефинитивно одлучила дека бракот со принцот Чарлс не функционира.

Драмата ќе се одвива во само три дена, за време на нејзините последни божиќни празници поминати во Виндзор. Кристен Стјуарт повеќепати докажа дека може да глуми и во комедија и во драма, но нејзината лице во улогата на омилената принцеза предизвика негодување кај многумина, поради бунтовниот карактер на младата актерка.

Кога ќе се споредат лицата на Кристен и на Дијана, навистина има некои неверојатни сличности во изгледот, но тоа не е најважното нешто со оглед на тоа што филмската шминка и простетика многу напредуваа во последно време.

https://www.instagram.com/p/CBjE5m3B7Ej/?utm_source=ig_embed

Режисерот на филмот Пабло Ларејн е уверен дека Кристен Стјуарт ги има сите важни карактеристики за совршено да ја прикаже Лејди Ди, вклучувајќи ги нејзината преданост, способност да раскаже приказна само со своите очи и разновидноста што ја докажала како актерка.

Снимањето е закажано најрано за 2021, па многу луѓе ширум светот нетрпеливо очекуваат повеќе детали за овој проект.

Решена мистеријата што се крие зад двата часовника на раката на покојната принцеза Дијана
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.