Водителот откри како ја запознал Цеца: „Кога ја видов, бев готов да паднам на колена“

Водителот, новинар и писател Вања Булиќ се потсети на времето кога ја запознал Цеца Ражнатовиќ, кога таа имала 20 години и била на почеток на кариерата.

 

 

View this post on Instagram

 

Najlepša😍😍😍

A post shared by CECA👸|FAN PAGE🌹 (@cecaaraznatovic.star) on

Со Цеца ја снимавме емисијата ‘Бисери’ во 1993 година. Момчето со кое беше во врска и’ беше и менаџер и заедно дојдоа во мојата куќа пред снимањето. Не ја познавав и кога ја видов, колената ми попуштија. Бев готов да паднам на колена! Навистина беше преслатка. А кога влезе нејзиното момче, на жена ми и’ попуштија колената! Беше висок околу 196, во бермуди, многу згоден. Тој беше човекот поради кој ја напаѓаа, а потоа куп жени доаѓаа на местото на кое е таа за да се запознаат со него“, раскажа водителот.

 

View this post on Instagram

 

Književno veče u Ugljeviku #vanjabulic #knjizevnovece #knjige #dusanovakletva #biblioteka

A post shared by Vanja Bulić (@vanja.bulic) on

Тој откри дека имал сериозни проблеми со покојниот Жељко Ражнатовиќ, со кој пејачката подоцна стапила во врска, а подоцна и во брак.

Имав проблеми со Аркан по текстот во 1991 година. Објавивме фотографија на која позира со куче и ја потпишавме: ‘Другарот Аркан и неговиот верен Тигар’. Го погоди кога списанието пренесе измислено интервју од германскиот ‘Плејбој’ со него, а го најавивме: ‘Аркан до гола кожа’“, откри водителот.

 Вања раскажа како изгледала средбата со Аркан:

Подоцна случајно го сретнав на некој стадион и му подадов рака. Тоа траеше 15 секунди. Најдолгите 15 секунди во мојот живот. Ми кажа дека имам среќа што сум семеен човек и пред своите луѓе ми порача: ‘Ќе те замолам никогаш повеќе да не ме спомнеш’“, се потсети познатиот водител.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.