Домашно средство против комарци, муви и крлежи: Проверено функционира!

Народен лек

Запомнете го овој рецепт, бидејќи можно е да ви затреба деновиве

Тоникот на база на оцет се користел уште во времето на Хипократ. Комбинацијата на оцет со уште неколку зачински билки, одбива муви, комарци и други летечки инсекти.

Овој пат нема да користиме оцет. За подобар мирис, оваа состојка ќе ја замениме со течност за плакнење уста. Но оние што сакаат, можат да користат јаболков оцет.

Состојки:
  • 2 лажици сува жалфија
  • 2 лажици сува лаванда
  • 2 лажици мајчина душица
  • 2 лажици сув рузмарин
  • малку каранфилче
  • 2 лажици сушено нане
  • 2 лажици пелин
  • 8 чешниња лук
  • 200 мл чај
  • 200 мл течност за плакнење уста
Приготвување:

Во зовриена вода во чајник додајте ги зачинските билки и каранфилчето, како и лукот. Поклопете го и оставете го да се олади на собна температура. Исцедете го, па додајте течност за плакнење уста.

Добиената течност префрлете ја во распрскувач и користете ја по потреба.

Спас од комарци: Од овие 7 билки тие бегаат без оглед на се’!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.