Бестселерот „Атомски навики“ на Џејмс Клир – подарок за 1 читателка!

Мали промени, големи резутати

Лесен и проверен начин за стекнување добри и за напуштање на лошите навики

Издавачката куќа „Антолог“ ќе израдува една читателка на списанието „Убавина и здравје“ со бестселерот на Њујорк тајмс „Атомски навики“ на Џејмс Клир.

Дали тешко ги менувате своите навики? Ако е така, проблемот не сте вие. Проблемот е во вашиот систем. Лошите навики се повторуваат одново и одново, не затоа што вие не сакате да се промените, туку затоа што имате погрешен систем за промена.

Оваа книга содржи проверен и докажан систем, кој може да ве издигне до нови височини.

 

Ќе научите како: да најдете време за нови навики; да го надминете недостигот на мотивација и на волја; да ја промените својата околина за да бидете поуспешни; да се вратите на патот кога ќе скршнете од курсот; и уште многу нешта…

„Атомски навики“ ќе го преобликува начинот на кој размислувате за успехот и за напредокот и ќе ви ги даде потребните алатки и стратегии за трансформација на вашите навики – сеедно дали сте тим што сака да освои првенство, компанија што се стреми да се издигне над конкуренцијата или едноставно поединец што сака да престане да пуши, да ја намали тежината, да го победи стресот или да постигне некоја друга цел.

Навиките се оној ситен детаљ што може да донесе огромен пакет од позитивни промени кај секого од нас.

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во мај. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.