Спас од комарци: Од овие 7 билки тие бегаат без оглед на се’!

Кажете им збогум на комарците

Постојат природни решенија за да се заштитите од комарците, а овие билки најефикасно ги одбиваат

Ако не сакате да си го загадите дворот и себеси со разни хемиски спрејови против комарци, може да насадите некои од следниве билки за природно да ги задржите комарците подалеку од вашиот стан или куќа. Постојат природни решенија, како што се бананите, јаболковиот оцет и слично за да се заштитите од комарци, а овие насадени билки најдобро ги одбиваат.

Лаванда

Дали сте забележале инсектите, па дури и зајаците и другите животни никогаш ја немаат уништено вашата билка лаванда? Тоа поради нејзиниот интензивен мирис кој доаѓа од етеричните масла што се наоѓаат на листовите на билката. Се тврди дека маслото од лаванда ја нарушува способноста на комарците да мирисаат. Оваа билка е многу цврста и отпорна на суша, а и’ треба само многу сонце и добра дренажа. Иако може да поднесе многу клими, најдобро успева во потоплите краишта.

Невен

Невен е цвет кој лесно се одгледува, а шири мирис што ги одбива комарците. Засадете го во тегла и сместете го близу терасата или влезот на куќата за да ги избркате комарците и другите бубачки. Невенот е исто така добар за одгледување во градина. Не само што ќе ги држи комарците подалеку од вас, туку и ќе ги одбие лисните вошки, белите мушички и некои црви.

Лимонова трева

Позната е по својот препознатлив мирис, па лимоновата трева е најчестата природна состојка во средствата против комарци. Добрата вест е што и животот растение е најефективно во одбивањето инсекти.

Мачкина трева

Мачкината трева успева речиси каде било. Обилно расте и како комерцијална билка и како коров. Лесно е да се грижите за неа, а може и сама да никне во градината. Се шири многу брзо еднаш кога ќе ја посадите, па ако сте подготвени да се откажете од подмолната природа на оваа билка, таа е неверојатно средство против комарци.

Рузмарин

Уште една билка што одлично ги одбива комарците е рузмарино. Рузмаринот е растение што многумина од нас добро го познаваат, а неговиот дрвенест мирис е токму тоа што ги држи комарците на пристојна далечина. Освен што добро ги одбива крвопијците и некои други штетници, може да уживате и во мирисот на билката, како и да ја употребите како зачин за разни јадења.

Босилек

Остриот мирис што го имаат листовите на босилекот е она што ги држи штетниците на дистанца. На ова растение му треба влажна земја, добра дренажа и многу сонце. Може да засадите босилек во тегла или во градината, самостојно или со друго цвеќе, под услов и двете билки да имаат исти потреби.

Миризлива пеларгонија

Миризливата пеларгонија е популарна билка што ги одбива комарците. Нејзиниот мирис потсетува на оној на лимоновата трева. Има прекрасни цветови со силен мирис кои штитат од неколку видови штетници. Овие брзорастечки билки бараат топла, сончева и сува клима, но ако се наоѓате во поладно климатско подрачје, може да ги одгледувате во тегли со постојано кастрење.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.