Без хемија и потполно безбеден: Направете сами омекнувач за алишта од само две состојки!

Природно и без хемија

Не сакате купечки омекнувач за алишта, бидејќи не сте сосема сигурни колку се штетни хемикалиите што ги содржи? Ние имаме едноставно решение!

Нема да ви се верува што е тоа што може да ги направи вашите алишта меки и тоа без употреба на какви било сомнителни супстанции.

Клучната состојка е солта! Обичната кујнска сол што секојдневно ја користите во вашата кујна и која сигурно ја има во секое домаќинство. Солта ќе ја омекне облеката, а за да ѝ дадете и пријатен мирис, посегнете по феноменални етерични масла.

Користете ароми што најмногу ви се допаѓаат, а се препорачуваат јасмин, бергамот или лаванда, но секогаш можете да користите и цитрусни ноти.

Состојки:
  • 4 шолји сол
  • 20 капки етерично масло

Измешајте ги сите состојки и чувајте ги во херметички затворени теглички. Ако водата во вашиот дом е многу тврда, тогаш за секоја полна машина користете 1/4-1/2 шолја сол, а за помала количина на облека, ќе ви бидат доволни и неколку лажици.

Задолжително пробајте! Ефектно е, а ќе заштедите многу пари на омекнувачи!

Домашна заштита од комарци: Потребни ви се само две состојки
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.