Како кашкавалот да остане свеж, да не се расипа и да не мувлоса: Само ставете го во кутија со ова!

Вреди да пробате!

Овој трик помага совршено да се сочуваат свежината и вкусот на кашкавалот и до 14 дена

Кашкавалот и разните видови тврди сирења се една од најчестите намирници во нашиот фрижидер и обично ги купуваме во поголеми пакувања, но што кога едноставно не ни се јаде и ни остануваат така да стојат?

Постои начин да му го продолжите рокот на траење на кашкавалот, да го сочувате вкусот, да ја одбегнете мувлата и промените на бојата на рабовите, и тоа многу едноставен и евтин – сè што треба да направите е да го извадите кашкавалот од неговата фолија, да го ставите во пластична кутија за храна со капак (најдобро е големината на садот да соодветствува со големината на парчето кашкавал) и покрај него да ставите една коцка шеќер!

Внимавајте само да не се допираат шеќерот и кашкавалот. Следниот ден кога ќе ја отворите кутијата, ќе видите дека шеќерот почнал да се топи – тоа е така затоа што тој ја впива сета влага и така ја спречува појавата на мувла на кашкавалот.

Овој трик помага совршено да се сочуваат свежината и вкусот на кашкавалот и до 14 дена.

7 намирници што никако не смеете да ги чувате во фрижидер: Скапуваат, венеат, пропаѓаат…
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.