Се е спремно за 18. издание на „Hair Fair“ во Скопје

На едно место ќе бидат собрани најдобрите фризери од дома и соседството

Фото: Фејсбук

Во недела во Македонската опера и балет ќе се одржи 18. издание на „Hair Fair“ во организација за Македонската Фризерска Асоцијација. Станува збор за единствен настан од ваков карактер каде што учество земаат најдообрите фризери од домашен терен, но и Балканот, а во рамки на него ќе има голем број на фризерски збиднувања и фризерите ќе имаат можност да ги покажат своите способности и креативноста преку натпреварувачката категорија каде што останатите со нетрпение го очекуваат.

Фото: Приватна архива

Меѓу гостите, но и дел од жирито е и Перица Ивановски од студиото „Кул Кат“ кој што ни ги откри категориите во натпреварување.

Ќе има натпреварувачи од јуниорска и сениорска возраст, а ќе се натпреваруваат во категориите машко потстрижување, женско потстрижување и салонска фризура, невестинска фризура, пунџа на долга коса и фантази фризура“, кажа Перица.
Љупчо Петрушевски или попознат во јавноста како Бубе ин кој што е сопственик на студиото кое што го носи истото име вели дека има големи очекувања од настанот и е сигурен дека присутните ќе имаат можност да видат голем број на интересни и уникатни фризури.
Фото: Фејсбук

Сигурен сум дека се ќе помине во најдобар ред, ќе има многу забава, но и сето она што ќе го видат помладите фризери ќе им биде само поттик за да продолжат понатаму во својата работа и да бидат покреативни, вели Бубе.

Во сабота, пак, на 20 април од 20 часот во хотелот „Мериот“ за прв пат ќе се одржи Фризерка Гала вечер, каде што фризерите ќе имаат можност да уживаат во една пријатна дружба и забава и да се запознаат со останатите гости од соседството.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време